Шок: Ѕвезда на Челзи од 70 милиони падна на допинг тест

од Nikola Popovski
36 прегледи

Михаило Мудрик, познатиот фудбалер на Челзи и дел од украинската репрезентација, паднал на допинг тест, пренесуваат украинските медиуми.

Тој пристигна во Челзи со трансфер од 70 милиони евра, а во текот на октомври во неговиот примерок била пронајдена забранета супстанца.

Во наредните денови ќе биде отворен и примерокот Б, а потоа ќе следи одлуката за казната.

Украинска „Трибуна“ наведува дека контактирала со играчот и менаџерот кои најавиле дека многу брзо ќе се огласат, што ја поткрепува информацијата дека тој бил позитивен на една од забранетите супстанци.

Доколку истата супстанца се најде и во примерокот Б, тој го очекува суспензија од фудбалот до четири години.

Слични содржини