Прво им давала смртоносна доза лекови, потоа трчала да ги спасува, за да ја имаат за херој, ако оживеат

Гермаец кој работела како медицинска сестра во болница крај северниот град Бремен, тврди дека стои зад смртта на 30 свои пациенти. Од февруари минатата година Нилс Х. (39 г.) е зад решетки и одлежува доживотна затворска казна за убиството на две лица, за кои исто така се грижел во здравствената установа.За нив се собрани докази дека се предозирани од лек за кардиоваскуларни заболувања, што мажот им ги дал . Германската полиција почна истрага врз основа на тврдењата на Нилс Х. Тој дл признанија за бројот на жртвите во разговор со состаноци му со судскиот психијатар, но не и во судницата. Смртните случаи се од периодот меѓу 2003 и 2005 година Ако германските власти откријат доволно докази дека мажот стои зад смртта на 30-те пациенти, како што тврди, тогаш Нилс Х ќе се покаже најголемиот масовен убиец во повоената историја на Германија.
Медицинската сестра од машки пол Нилс Х е во затвор повеќе од една година, но неговото име не се симиња од страниците на весниците во Германија. Последното работно место му била болницата во градот Делменхорст, која се наоѓа на 10 км од Бремен. Таму тој ги извршил и повеќето од криминалните дела.
Мажот му дал на пациентите лек во многу голема доза, што предизвикува опасност по живот аритмии и Пад на крвниот притисок – состојба која за тешко болни луѓе, за какви тој се грижи, може да е со фатален исход. Потоа Нилс Х. ќе притрчал на помош на страдањата и ќе се обидел да го спаси. Според обвинителството целта на мажот била да освои восхит на своите колеги, како и благодарноста на пациентите и на нивните семејства. Тој сакал да го сметаат за спасител, кој ги вратил во животот. Во судницата Нилс Х. вели дека бил во еуфорија, кога успеаа да врати во живот пациент во крајно тешка состојба, и бил многу разочаран, ако неговите напори не се крунисале со успех. Секој пат си ветил да стави крај на смртоносната игра, но навлегувалл повторно. По шокантните откритија, за манијата да убива, полицијата и обвинителството назначуваат специјална комисија од судски експерти, позната како “Кардио”, чија задача е да ги разгледа причините за смртта на пациентите за кои се грижел Нилс Х. ексхумирани и испитувани се посмртните останки на 77 лица, со кои мажот се занимавал додека работел во болницата во Делменхорст. Кај 24 од умрените се откриени траги од дрога, а истражните чекаат резултатите од истражувања направени на уште 9 тела. Најверојатно до средината на јуни и тие ќе бидат подготвени. Истрагата е насочено кон пациенти кои починале во здравствената установа во Делменхорст, како и на други места каде Нилс Х. работел како медицинска сестра. Мажот имал стаж во друга клиника, старечки дом и медицински центар за итна помош. Делата на Нилс Х. се откриени во 2005 година, кога негов колега забележува како инјектира дрога на пациент, на кого тоа не било пропишано. Болниот преживува, а мажот е уапсен. Во 2008 година и е осуден на 7 година и половина за обид за убиство. Овој случај стекнува популарност во Германија, по што жената се поврзува со полицијата за да го сподели сомневањата дека нејзината покојна мајка е жртва на медицинската сестра. Тогаш властите ги ексхумираат остатоците на неколку пациенти на Нилс Х и кај пет од нив воспоставуваат присуството на лекот кој може да е ставен како крај на нивните животи. Како резултат на овие заклучоци мажот е изведен на обвинителна клупа и осуден на доживотен затвор за смртта на две лица, за кои има докази дека активностите на Нилс Х. довеле до фаталниот исход. За останатите не се собрани категорични докази за вината на медицинската сестра.За време на процесот еден од лекарите во болницата во Делменхорс опишува Нилс Х. како ” ќовек кој , работи со страст”, кој правел добар впечаток на колегите. Лекарите забележале дека тој секогаш бил во близина, кога се наметнува да биде реанимиран пациент и се впушти да помага при спроведувањето на постапката.

Нилс Х. не е единствениот со толку морбидна активности. Пред околу една година и половина Италија беше потресена од сомнежите дека медицинската сестра Даниела Поџали (44г.) Убила 96 свои пациенти. Тие починале во рок од една година – од април 2013 година до март 2014 година – во болничкиот оддел во малото гратче Луго, сместено меѓу Болоња и Равена, во италијанската област Емилија-Ромни, каде Поџали работела. Во март е завршен и случајот против неа , а таа беше прогласена за намерно убиство на 38 лица и осудена на доживотен затвор. За останатите случаи не беа претставени во судот доволно докази дека Поџали е виновна. Според истрагата медицинската сестра ги решавала пациентите едноставно затоа што ја задеваат.Поџали, стана позната како “Ангел на смртта”, и им давала лекови за да се чувствуваат лошо, по што умираат. Таа се сликала со телефонот до труповите на пациентите и ги качува потоа фотографиите на интернет. На раководството на болницата им станува сомнително со Поџали во март 2014 година по необјаснета смрт на петмина пациенти кои умираат во рок од една недела за време на ноќната смена и се таа е дежурен во одделот. Во јули 2014 година е отпуштена, но не поради смртта на пациенти, а бидејќи украла 10 евра од роднини на болен.Потоа е откриена и како убиец.