Шок: IPhone 8 може да чини над 1.000 долари

од desk2
97 прегледи

Apple очекува на пазарот да пушти вкупно три нови мобилни телефони во 2017 година. Најскапиот од нив се очекува да биде iPhone 8, а цената ќе надмине 1000 долари.


Според експерти Apple ќе оваа година ќе понуди две подобрени верзии на овогодинешните iPhone 7 и iPhone 7 Plus. И трите модели (заедно со iPhone 8) ќе имаат можност за безжично полнење.

Apple се очекува да пушти 4.7-инчен модел, кој најверојатно ќе биде наречен iPhone 7s, како и 5.5-инчен паметен телефон кој ќе го носи името iPhone 7s Plus.

Новиот iPhone 8 сепак ќе вклучува уникатни карактеристики како целосно стаклено куќиште и светол и флексибилен екран, поголем капацитет на меморијата, а исто така и подобра издржливост на батеријата.

Вчера акција на Apple при трговската сесија заврши со цена на вредност од 132.12 долари. Се прроценува компанијата дека вреди 694.35 милијарди долари.

Цената на акциите е само околу 2% од историските 134.54 долари, постигнати во април 2015 година. Растот за последните 12 месеци е веќе 40 отсто.