Шок на Вимблдон, Надал се повлече

од Nikola Popovski
223 прегледи

Повредата посилна од „Бикот од Мајорка“. Рафаел Надал, шпанскиот тенисер и двократен победник на Вимблдон се повлече од турнирот.

Шпанецот го одигра четвртфиналниот натпревар против Тејлор Фриц и покрај, како што објави шпанска Марка, имаше „скинат стомачен мускул“. Иако првичната најава беше дека Надал ќе игра во полуфиналето против Ник Кирјиос, повредата беше посилна.

Имено, Надал набрзина свика прес-конференција, а не долго потоа се огласи Хозе Моргадо, познат новинар, кој потврди дека Надал нема да игра во полуфиналето.

Потврда од самиот Надал треба да следи на прес-конференција.

Слични содржини