Шок од Мадрид? Се повлекува Карлос Алкараз, на Ѓоковиќ му се отвора патот кон трофејот

од Љубиша Владимиров
525 прегледи

Турнирот во Мадрид започна, но сè уште е неизвесно дали Карлос Алкараз ќе настапи во шпанската престолнина.

Шампионот од Монте Карло се повреди во Барселона, каде што го загуби финалето од Данецот Холгер Руне. Постојат големи шанси да го пропушти Мадрид со цел подобро да се подготви за Ролан Гарос. За ова зборуваше новинарот Анхел Гарсија, кој добил информации што не ветуваат многу.

„Искрено, мислам дека шансите да заигра во Мадрид се мали. Морам да бидам искрен – неколку пати го прашаа како е, тој внимателно ги бираше зборовите, се воздржуваше, најчесто велеше дека се надева оти ќе може да настапи. Тоа ми беше чудно. Рече дека ги чека резултатите од магнетната резонанца – а тие резултати се добиваат веднаш“, изјави Гарсија.

Ова би можела да биде одлична вест за Новак Ѓоковиќ, кој се наоѓа во иста половина од ждрепката со младиот Шпанец. Нивната средба би можела да се случи во полуфиналето. Сепак, Новак е во фаза од кариерата кога не треба да гледа премногу далеку напред. Веќе во второто коло ќе има предизвик, кога ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Арналди и Чориќ. На патот до евентуално полуфинале го очекуваат и Матео Беретини, Френсис Тиафо, Џек Дрејпер.

Каква е ситуацијата со повредата на Алкараз, ќе дознаеме наскоро.

Слични содржини