Шок реформи, кои ќе го промени начинот на живот во Египет

од Vladimir Zorba
91 прегледи

zx450y250_2863828-1

Уште од 50-тите години египетските владетели имале имплицитен социјален договор со Египќаните: недостаток на вистинска демократија и слободи, а во замена – можност за евтин живот со големи државни субвенции, кои ги одржуваат ниски цение на основните стоки и услуги – леб, шеќер, ориз, вода и електрична енергија.

Сега Абдел Фатах ас Сиси, последниот од серијата воени лидери, кои станале претседатели, треба да направи незамисливо за да ја спаси потонаата економија на најнаселената арапска земја.

За прв пат е воведен пловечки курс на египетската фунта, а субвенциите се значително намалени. Цените скокнаа нагоре, бидејќи египетската фунта нагло поевтини и светкавично горивата и бензинот станаа исклучително скапи. Мерките преземени минатата недела, предизвикаа паника кај населението и покрај тоа што сиромаштијата, невработеноста и инфлацијата и без тоа се високи.

Истовремено неговата влада продолжува да не опушта со железниот зафат, ја ограничуваат слободата, давајќи неограничени права на безбедносните сили, фрлајќи во затвор илјадници и владејачката медиумска машина која ги демонизира дисидентите.

Прашањето е колку долго Сиси може да го задржи незадоволство, додека во исто време, се надева дека реформите ќе донесат економски раст, кој ќе ги олесни тешкотиите.Но, веќе се креваат и гласови, кои повикуваат на политички реформи.

Во петокот Египет беше награден за болната шок-терапија, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри 12 милијарди долари спасувачка помош за земјата, вклучително и непосредена прва транша во вредност од 2,75 милијарди долари. Надежите се дека оваа помош заедно со реформите ќе ги спаси државните финансии и ќе даде сигнал на меѓународните инвеститори повторно да почнат да вложуваат средства во земјата.

Во истиот ден се пројави цврстата рака на силите за безбедност. Повиците за протести против економските мерки стивнаа отако никој не излезе на улиците. Денови порано полицијата предупреди дека ќе бидат земени строги мерки против секој кој ги следи повиците против властите кои го забранија движење “Муслимански браќа”.

Аналитичарите предупредуваат дека сепак може да има народни немири. Луѓето се лути и загрижени поради зголемувањето на цените, но нема лидери кои ќе ги организираат протестите. Луѓето не можат едноставно да излезат на улица, посочи Халед Дауоуд, портпарол на Демократската алијанса, група од шест мали левоцентристички партии.

Не може сепак да се исклучи можноста нешто да се случи одеднаш, со оглед на неконтролираниот гнев, додава тој. Од вкупното население 92 милиони луѓе

околу 40% живеат под или околу прагот на сиромаштијата, што ги прави ранливи дури кон најмалото зголемување на цените. Уште пред воведувањето на мерките цените на основните производи, електричната енергија и водата почнаа да се зголемуваат. Сега еден долар е 17 египетски фунти, а пред ослободувањето на курсот за еден долар се реазменуваа 8,8 египетски фунти.

Сите се сеќаваат лебните немири од 1977 година, кои го принудија тогашниот претседател Анвар Садат се откаже од обидите за намалување на субвенциите.

Сиси и неговата влада ветија програми за ублажување на последиците, вклучувајќи го и преминот од општи субвенции кон помош во пари, директно насочени кон сиромашните, и посериозни мерки кои осигуруваат дека само сиромашните ќе добиваат субвенционирани стока.

“Сега мора да се либерализира политичката средина паралелно со пуштањето на економијата од оковитео”, вели во материјал за весникот “Ал Шорук” специјалистот по политички науки Ахмед Абд Рабоу. Нема многу знаци дека тоа се случува.

За време на револуцијата во 2011 година, која го симна од власт диктаторот Хосни Мубарак, милиони луѓе на улиците извикувајќи за нов социјален договор:

Леб, човечко достоинство и социјална правда.

Наместо тоа, земјата е заглавена во криза, прво при речиси 17-месечното воено управување, а подоцна и кај избраниот претседател исламист Мохамед Морс од “Муслимански браќа”, кој управуваше една година.

Сиси беше на чело на војската, го отстрани Морси во 2013 година, и беше избран за претседател година подоцна, ветувајќи стабилност и подобра економија. Тој даде на почеток на серија од мегапроекти кои ја ангажираа државата и армијата повеќе со економијата, но придобивките од нив остануваат сомнителни за економистите, вклучувајќи проширување на Суецкиот канал во вредност од 8,5 милијарди долари и плановите да се направи 1,5 милиони акри пустина во обработливо земјиште.

Истовремено службите за безбедност фрлија во затвор илјадници, главно исламисти, но исто така активистите и луѓето со левичарски убедувања, кои ги предизвикаа немирите од 2011 година. Голем дел од општеството ги поддржи чекорите, убедена дека стабилноста е приоритет.

За Сиси важно е Египет да склучи нов договор. Договор на послушност, посочи Негад Бора, адвокат кој ги заштитува човековите права и против кого се води истрага откако предложи закон против тортурата. “Валидноста на овој договор и неговото времетраење ќе зависат од степенот до кој државата сака да победат неистомислениците”, додаде тој.

Во неделите пред ослободувањето на валутниот курс и покачувањето на цените на горивата водителот на провладините телевизиски програми постојано ги критикуваа Египќаните, посочувајќи дека тие не работат доволно, премногу зависни се од помош или консумираат премногу храна и горива. Поттикна и стравот од нереди организирани од Братството, предупредувајќи дека Египет може да биде вовлечен во хаос како Сирија или Ирак, ако не се одговара со цврста рака.

Во говорите Сиси го одрази сето ова, упатувајќи нови апели, користејќи националистички изрази, Египќаните да работат понапорно и да консумираат помалку. Познатиот аналитичар Абдула ас Сенауи предупреди дека од Египќаните се сака да се прават жртви, а од државата – не.

“Има услови за сè. Во овој момент, тие вклучуваат ставање крај на политичкото угнетување, ослободување на приведените млади луѓе, правична распределба на тежината, воведување на строги и опипливи мерки за штедење во државните институции и борба против корупцијата преку активности а не со зборови, пишува тој во материјалот од средата.

Мајкл Хана, египетски експерт од њујоршката фондација Century вели дека мерките се неодложни, но можеше да бидат земени порано при подобри услови и во безбедна средина. Сега Владата треба да покаже дека може да ги спроведе промените. “Прашање со многу одговори е дали тоа ќе им донесе нешто повеќе одржливо и дали владата е доволно дисциплинирана да доведе до крај еден процес на реформи”, вели тој.

Некои економисти велат дека владата не само треба да даде поттик на реформите, но и да ги отстрани од владата и војската контролата врз економијата, за да можат да се прават инвестиции во неа.

Во статија од минатата недела Зијад Баха aд Дин, поранешен вицепремиер, препишува терапија која вклучува ревизија на мегапроектите на Сиси, регулирање на државната интервенција во економијата и подобрување на бизнис климата. Тој ги повика и за политичка реформа, без која економското претставување нема да се подобри. ”

Државата сепак е исклучително внимателна кон олабавување на својата контрола, што се однесува до безбедноста.

Ибрахим Еиса, критичар на Сиси, напиша минатата недела во весникот “Ал Макао” дека народниот гнев се зголеми, а властите знаат дека отсуството на реакција досега е само “навидум спокојство”.

“Тоа е како тенок слој од мраз кој го покрива езерото на гневот, срамот, вознемиреноста и отфрлање на политиката на сегашниот режим”, забележува тој