ШОК во Барселона: Меси ја напушта Каталонија

од Vladimir Zorba
295 прегледи

Сагата околу Лионел Меси изгледаше завршена, Копа Америка требаше да заврши за Аргентинецот да потпише нов договор, дури и се знаеше колкава должина, но сепак „заглави“ некаде, па „болвата“ кариерата ќе ја продолжи на друго место.

По неколку месеци неизвесност, Меси во принцип ја прифати понудата на тимот од Каталонија, но според шпанска „Марка“, по враќањето во Шпанија по настапот на Копа, која заврши со триумф на „гаучосите“, ситуацијата почна да се развива во насока што никој во Барселона не ја сакаше.

Како што објави овој шпански весник, Меси не успеал да постигне договор со клубот бидејќи смета дека тимот е премногу слаб.

Сепак, сето ова беше неофицијално, но сомнежите ги отстрани самата Барселона:

„Најнови вести: Лео Меси нема да ја продолжи кариерата во Барселона“, напишаа Каталонците на официјалната веб -страница.

Слични содржини