Роња М. (15) е пронајдена мртва во понеделникот вечерта околу 18 часот на брегот на Рајна во Вормс (област Рајндуркхајм). Нејзините родители, Мерјам и Хасан М., биле уапсени бидејќи полицијата се сомнева дека ја убиле сопствената ќерка затоа што не им се допаѓал западниот начин на живот на 15-годишното девојче. Станува збор за семејство од Авганистан.
Според информациите на германскиот РТЛ, Роња М. наводно имала момче над 40 години. Тоа веројатно воопшто не им се допаднало на родителите.
– Постои сомнеж дека обвинетите ја донеле одлуката да ја убие ќерката затоа што не се согласувале со нејзиниот начин на живот, соопшти полициската управа во Мајнц.
Хасан М.(39) и Мерјам М.(34) се во различен притвор. Според полицијата, родителите и ќерката се државјани на Авганистан.
Во полициското соопштение се наведува дека во понеделникот наутро полицијата во Пирмасен ја известила Мерјам М. Таа изрази сомневање дека нејзината ќерка можеби е убиена. Инспекторите потоа ги пребарале бреговите на Рајна во Вормс и таму го откриле телото на тинејџерката.
Како што пишуваше претходно магазинот Феникс, страшниот чин наводно се случил во саботата вечерта.
Се уште не е јасно како точно починала младата девојка. Обдукцијата ќе ги разјасни причините за смртта. Полицијата и во средата наутро соопшти дека се уште ги отстранува трагите од станот во кој живее семејството и од автомобилот на таткото.