461
Сан Антонио Спарс денеска објави дека сезоната за Виктор Вембањама е завршена поради сериозни здравствени проблеми.
На францускиот репрезентативец му била дијагностицирана длабока венска тромбоза на десното рамо. Состојбата била откриена откако Вембањама се врати во Сан Антонио по Ол-стар натпреварот во Сан Франциско.
Клубот, се наведува во соопштението, ќе обезбеди дополнителни информации по потреба.
— San Antonio Spurs (@spurs) February 20, 2025