Бритни сакала да се фотографира со кошаркарска ѕвезда – добила шамар од обезбедувањето

од Vladimir Zorba

Француската кошаркарска ѕвезда Виктор Вембањама (19) се уште нема одиграно ниту една минута во НБА, но веќе привлече големо внимание во јавноста. Новиот играч на Сан Антонио Спарс со тимот е во Лас Вегас, каде се сретна со многу фанови, пренесува TMZ.

Една од нив е Бритни Спирс (41) која го забележала младиот човек во близина на ресторанот каде планирала да вечера со сопругот Сем Асгари и двајца пријатели.

Бритни му пришла на Виктор за да го праша за да се фотографираат. Го допрела по рамо кога Демијан Смит, човекот задолжен за обезбедување, ја оттурнал и и удрил шлаканица. Таа паднала на подот, а и испаднале и очилата.

По инцидентот, Бритни отишла во ресторан. TMZ дознава дека Смит отишол да и се извини на пејачката.

– Мора да разберете дека тоа може да се случи кога околу него има многу обожаватели – наводно рекол, а пејачката го прифатила извинувањето.

Во моментот кога и удрил шлаканица, не препознал дека е таа.

Бритни сепак го пријавила целиот случај во полиција. Но полицијата нема да го третира тоа како напад бидејќи Смит го бранел кошаркарот и не ја нападнал со намера пејачката.

Слични содржини