Шок во Велес: 53-годишен маж фатен со килограм кокаин и 50.000 евра!

од desk4
89 прегледи

Основното јавно обвинителство во Велес започна истрага против 53-годишен маж осомничен за нелегална продажба на дрога. Тој на 29 ноември 2024 година, без дозвола, продал околу еден килограм кокаин на жител на Велес за 50.000 евра.

Половината од договорениот износ, купувачот ја оставил на претходно договорено место пред да го земе наркотикот. При претрес во куќа на улицата „Петар Алчев“ во Велес, полицијата пронашла кокаин кој бил преработуван во крек-форма со помош на уште две лица.

Против овие две лица веќе има изречена судска пресуда, а истрагата ги доведе и до лицето кое го продало кокаинот на 53-годишниот осомничен. По предлог на обвинителството, судот во Велес му одреди притвор на осомничениот додека трае постапката.