Шок за Јунајтед! Ерера аут речиси 2 месеци

од Vladimir Zorba
169 прегледи

Манчестер Јунајтед доби непријатен удар, откако стана јасно дека халфот на тимот, Андер Ерера ќе отсуствува неколку недели.

Тој беше повреден за време на натпреварот против Севиља од Лигата на шампионите, а наводната повреда е тешко растегнување.

Веста е потврдена од тренерот на тимот, Жозе Мурињо.

„Ерера ќе биде аут за неколку недели. Не ја знам точно вистинската дијагноза, но го губиме за долго. Можеби три, четири, пет или шест недели. Не знам со точност“, најави Мурињо.

Слични содржини