Шок за милиони Германци по поскапувањето на гасот

од Vladimir Zorba
184 прегледи

За тоа со недели се шпекулира – колкава ќе биде таканаречената доплата за гас. Денеска беше објавено дека ќе изнесува 2,419 центи за киловат-час. Овој додаток ќе се плаќа за година и пол – од 1 октомври 2022 година до крајот на март 2024 година. Цената што сега е утврдена – со важност само три месеци – ќе се прилагоди на движењата на пазарот.

Ова дополнително ќе влијае на милиони луѓе во Германија – каде што половина од сите куќи и станови се греат на гас и каде што помалку од половина од населението живее во нивните четири ѕида, пишува ДВ.

Објаснувајќи го ова последно зголемување на цената, министерот за економија Роберт Хабек рече: „Алтернативата би бил колапс на германскиот енергетски пазар, а со тоа и на голем дел од европскиот енергетски пазар“.

Со или без ДДВ?

Проблем создава данокот на додадена вредност од 19 проценти, кој исто така треба да се додаде на таа цена. Тоа конкретно значи дека просечното домаќинство (3 или 4 члена) што троши 20.000 киловат-часови годишно, од 1-ви октомври ќе има повисока сметка за 484 евра или – 576 евра годишно доколку на него се плаќа ДДВ. А човек кој живее сам ќе има зголемување од 120 евра или 144 евра годишно со вклучен ДДВ.

Владејачката коалиција најави дека ќе се обиде да го спречи плаќањето на ДДВ. За тоа ќе се бара посебна дозвола од ЕУ – која одлучува за тоа.

Дополнително, министерот за економија Роберт Хабек рече дека поради поскапувањето на бензинот, Владата треба да донесе мерки за растеретување на домаќинствата во другите области. Треба да се прошират и програмите за помош на стопанството.

Оваа доплата дополнително ги погодува потрошувачите – покрај повисоките сметки за гас што веќе ги најавија дел од снабдувачите со гас и струја.

Поскапувањата веќе пристигнаа

Граѓаните на Германија деновиве добија писма од концернот кој ги снабдува со гас во кои ги известува за зголеменото – ново поскапување кое е надвор од регуларното и очекуваното и е видливо на сметките од пролет.

Писмото на енергетскиот концерн „Рајн енерџи“ изобилува со фрази како што се: „Секој ден во медиумите може да се види дека се случуваат големи пресврти на енергетскиот пазар. Многу влијанија кои е невозможно да се пресметаат го оптоваруваат националниот пазар на природен гас и со тоа – сите нас“.

На ова следи флоскула за тоа како „цените на енергијата се состојат од бројни компоненти кои се сменети“… „И така цената за Вас од 1 октомври 2022 година ќе биде..“ (следи сума поради која на многу граѓани им се заледи крвта во вените).

Во објаснувањата за оваа загриженост, конкретно не се споменуваат ниту Владимир Путин, ниту војната во Украина; Наместо вистинско објаснување, „Рајн енерџи“ ги насочува своите корисници кон „медиумите“, канцеларот Шолц им порача на Германците: „You ‘ll never walk alone!“ а таму пишува:

„Зголемувањето на цената на гасот е последица на војната во Украина“ (јавна служба АРД) со додавање дека „увозниците на гас добија многу помалку гас од Русија во последните месеци отколку што беше предвидено во договорот. Тие сега треба да ја надополнат сумата што недостасува од други извори, по многу повисока цена“.

Станува збор за зголемување на таканаречената оперативна цена за киловат-час од 10,43 центи на 18,30 центи. На пример, некој што живее сам и кој до сега плаќал по 180 евра месечно за струја и гас, добил известување дека од 1 октомври треба да плати 312 евра. Тоа е единствениот дел од сметката за струја и гас – што секој може да го разбере.

Слични содржини