Шок за многумина на Вимблдон – прекината традиција стара речиси 150-години!

од Vladimir Zorba
40 прегледи

Вимблдон започнува денес, а оваа година, за прв пат откако турнирот е основан во 1877 година, нема да има линиски судии на терените на „Ол Ингланд Клуб“. Со ова се крши традицијата стара 148 години, и наместо судиите, работата ќе ја врши вештачка интелигенција или „електронско одлучување“ (Electronic Line Calling – ELC).

Оваа технологија се користи од 2007 година за да им помогне на играчите да ги проверат спорните поени, а сега ја презеде целосната контрола. „Ол Ингланд Клуб“ соопшти дека оваа одлука е донесена по внимателно тестирање и анализа, и дека новата технологија обезбедува максимална точност и праведност.

– Веруваме дека е вистинско време да се преземе овој чекор. Технологијата ја докажа својата точност, а условите за играчите ќе бидат исти како и на многу други турнири – изјави Сали Болтон, извршна директорка на турнирот.