ШОКАНТНА ИСПОВЕД НА АЦА ЛУКАС ЗА АРКАН: Ми кажа да му пукам во глава, а тој ќе среди се

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачот Аца Лукас ги откри деталите за дружењето со Жељко Ражнатовиќ Аркан во неговата книга „Ова сум јас – Аца Лукас“.

Во книгата откри сè во врска со бруталните расправии со Соња Вуксановиќ, аферата со Ксенија Пајчин, деновите поминати во затвор, а сега и за Жељко Ражнатовиќ Аркан.

Аца Лукас му посвети едно поглавје на убиениот сопруг на Светлана Цеца Ражнатовиќ, го опиша нивниот однос, но и понудите кои ги добивал од него – меѓу другото, да престане да се дрогира и да убие човек!

-Имаше забава кај Аркан и се договоривме да дојдам. Во меѓувреме, ми се јави познат градски тип и бараше да пеам кај него таа вечер. Реков „Не можам, се договорив со Жељко“ – „Тоа не доаѓа во предвид, гајле ми е за Жељко“, ми одговори тој. Секако, пеев кај семејството Ражнатовиќ, а по неколку дена човек со пиштол упадна во мојата куќа и им се закануваше на сопругата и детето. Го испрати суетниот господин, кој преку мојот грб се натпреваруваше со Аркан – напиша Лукас во книгата и додаде дека му се пожалил на Жељко Ражнатовиќ кој му понудил решение за проблемот:

-Ме праша дали имам пиштол. Одговорив дека немам. „Сега ќе ти испратам пиштол. Па следниот пат кога ќе ти дојде тој кретен, внеси го во станот и пукај му во главата. Потоа, јави ми се мене да го средам тоа“, ми рече тој. Му се заблагодарив за советот кој не го прифатив – напиша фолкерот.

Во книгата, Аца опиша и како Жељко Ражнатовиќ се обидел да го одвикне од дрога.

-Една вечер Жељко ми се јави на телефон: „Командантот овде, дојди итно“. Нозете ми се пресекоа. Тој никогаш не разговараше така со мене. Се прашував што сум згрешил, па е толку итно. Отидов во хотел Југославија, во ноќниот клуб Грал. „Влези пичко овде“, ми рече Аркан, отворајќи ја вратата од канцеларијата, а потоа додаде: „Види колкав ти е голем носот од шмркање. Зошто се дрогираш? Еве ти хартија и пенкало, напиши кој ти продава дрога“.

Лукас му ветил на Аркан дека ќе се дрогира помалку, но не сакал да ги открие своите дилери. Без оглед на тоа што не го послушал, командантот на Српската доброволна гарда продолжил да го вика на неговите прослави.

-Аркан навистина ме сакаше и почитуваше, а не можам да објаснам зошто. Додека другите го нарекуваа командант, за мене беше Жељко. Се случувало да ми се јави на телефон и да ми каже дека треба да дојдам кај него да свирам затоа што организира прослава. „Жељко закажав тезга, не можам“. „Нема проблем, ќе има прилики“. На тоа се завршуваше. Не верувам дека другите смееја да спомнат тезга кога тој ќе ги повикаше. А и зошто би кога Жељко беше галантен домаќин.

Слични содржини