ШОКАНТНА ИСПОВЕД на Ким Кардашијан: Ме споредуваа со кит, плачев секој ден!

од Vladimir Zorba

Ким Кардашијан (40) откри дека во напредната бременост со ќерката Норт претрпела навреди на штета на својот изглед, како и дека притисокот на медиумите оставил психолошки последици врз неа.

Најпознатата старлета на светот на Инстаграм напиша дека дури ја споредувале со кит.

„Кога бев бремена со Норт, страдав од прееклампсија, што ме натера да отекувам неконтролирано. Се здебелив и се породив шест недели порано. Плачев секој ден заради тоа што му се случи на моето тело, најмногу поради притисокот во споредба со тоа како размислува јавноста за тоа како здравата бремена жена треба да изгледа. Исто така, медиумите ме споредуваа со кит. Гледањето на сите фотографии на Интернет и во списанија ме направи толку несигурна. Се плашев дека моето тело некогаш ќе изгледа како пред бременоста“, напиша Ким.

Таа призна дека злонамерните коментари и наслови во медиумите целосно ја разбија.

„Бев засрамена од насловните страници, што ги правеше моите несигурности толку болни, и после тоа не можев да излезам од дома со месеци. Тоа навистина ме скрши“, напиша таа, додавајќи: „За среќа, успеав да ги канализирам своите фрустрации и чувства на срам во мотивација, и тоа ме донесе овде, каде што сум денес. Ако кажам дека тоа не остава ментални последици врз мене, ќе лажев“.

Да потсетиме, Ким во јуни 2013 година ја роди ќерката Норт, синот Сент во 2015 година, а подоцна со помош на сурогат мајка доби уште две деца.

Таа неодамна реши да стави крај на седумгодишниот брак со раперот Канје Вест и поднесе барање за развод.

Слични содржини