Шокантна одлука: ПСЖ го отпушти Тухел

од Nikola Popovski
198 прегледи

Германски Билд ја објави веста што ја изненади фудбалска Европа, ПСЖ го отпушти Томас Тухел!

Како што прв објави Кристијан Фолк, новинар на „Билд“, на Тухел му бил даден прилично горчлив „Божиќен подарок“.

ПСЖ го декласираше Стразбур со 4: 0 во средата вечерта, а во шампионатот, клубот има еден бод помалку од Лил и Лион, кои се наоѓаат на врвот на табелата со по 36 бода по 17-то коло, па оттаму изненадува оваа одлука на управата на францускиот прволигаш.

Во Лигата на шампионите, Парижаните во осминафиналето ќе се соочат со Барселона на 16 февруари и 10 март.

Патем, некои упатени веќе најавуваат дека нов тренер ќе биде промовиран во текот на денот.

Слични содржини