Најголемата sвезда на Европското првенство, Португалецот Кристијано Роналдо, направи мало шоу на прес-конференцијата.
Актуелниот европски првак Португалија денес го игра својот прв натпревар на Европското првенство (18.00 часот) во Арената Пушкаш во Будимпешта.
Во понеделникот се одржа прес-конференција на која капитенот на тимот и најдобриот играч Кристијано Роналдо одговори на новинарски прашања.
Само што влезе во салата, Роналдо направи шоу за кое зуи планетата.
Имено, на масата пред него имаше две шишиња Кока-Кола. Иако знае дека е спонзор на шампионатот, Португалецот не беше воодушевен што споменатиот пијалок е пред него. Ги тргна шишињата, извади вода и гласно рече:
– Пијте вода!
👀 @Cristiano moving the sugary/unhealthy drinks and instead telling people to drink water… #Euro2020 pic.twitter.com/gcfssmmJ0r
— Samantha Quek (@SamanthaQuek) June 14, 2021
Познато е дека Роналдо е крајно внимателен во однос на здравата исхрана. Тој не сака газирани пијалоци и максимално се труди да му всади здрави навики на неговиот наследник Роналдо Јуниор.
– Понекогаш пие Кока-Кола и јаде чипс, и тоа многу ме иритира и тој го знае тоа – рече еднаш на асот на Јувентус.
Да потсетиме, Португалија е во „групата на смртта“. Покрај Унгарија, нивни ривали во групата Ф ќе бидат Германија и Франција.