ШОКАНТНА СНИМКА од претепаната сопруга на познат хрватски ракометар: „ОБЈАВЕТЕ, ова е единствена шанса да си го спасам животот“

од Vladimir Zorba
1,6K прегледи

Регионот се уште е потресен од она што се случи во Хрватска пред неколку вечери. Познатиот ракометар Денис Бунтиќ ја претепа сопругата, а размерите на целата ситуација добиваат нови контури по аудио снимката која жртвата на насилство ја објави во медиумите.

Според претепаната сопруга Клара, во петокот таа, Денис и детето биле на натпревар во Мостар. Таму биле и еден пријател и неговата сопруга, кои според извештаите испиле многу. Бидејќи на детето не му било добро, таа му рекла на Денис да се врати дома. Потоа седнал зад воланот во алкохолизирана состојба, а поради напнатата атмосфера Клара веќе знаела што ја чека, бидејќи и претходно била жртва на насилство.

– Пет години трпам. Ден пред крштевката на нашето дете, го држеше во раце и ме удираше. Зеде шише минерална вода со кое сакаше да ме удри во глава, но кумот застана меѓу нас и спречи. Ме удри во тапанчето. И пред тоа ме фати за коса и ме тепаше во собата. Повраќав на паркингот пред куќата и ми се вртеше главата, па моите родители инсистираа да одам во Итна помош. Моите пријатели ми рекоа: извини, не можеме да сведочиме против него. Неговите родители исто така. Не го ни пријавив, не само затоа што не можев да докажам, туку и затоа што е влијателен. Сакав да го спасам бракот, верував дека ќе се среди, дека нема да се повтори. Но, тоа се повтори. Тој вети дека нема да пие. Тој го прекрши ветувањето. Се разбира, на лекарите во Мостар им кажав дека паднав по скали – раскажува Клара за „Јутарњи лист“.

Таа истакнува дека е жртва која повеќе не сака да биде анонимна, па таа вечер, откако се вратиле од игра, решила да сними се што ја чека.

– Кога дојдовме дома, тој веќе ми викаше: „Кучко, сега ќе видиш што ќе правам со твојот живот“. Го ставив детето во креветчето и го вклучив мобилниот. Решив: ова му е последен пат. Доволно. Овој пат ќе го оставам мобилниот на снимање. Ако не ме убие, ќе имам доказ. Ме удирал и порано, но овој петок беше крвожеден. Знаев дека ако не можам да избегам, тоа е готово. Реши да ме убие. Ме тепаше со сета сила, со раце, нозе, тупаници, со некој предмет. Цело време му велев дека не го заслужувам тоа – раскажува Клара за Јутарњи.

Таа потоа успеала да излезе и да побегне. Прво му се јавила на пријателот кој рекол дека нема да избере страна во конфликтот, а потоа на полицијата која дошла и го привела да се отрезни. По тој повод пронајден е и нелегален арсенал оружје.

Во саботата Денис беше изведен во судот во Љубишки, но Клара е очајна бидејќи е на слобода и предметот не е преместен во повисока инстанца. Затоа решила оваа ВОЗНЕМИРУВАЧКА снимка да ја објави во јавноста, а можете да ја слушнете овде.

Слични содржини