Шокантни сателитски снимки: Еве што остана од Соледар – улици срамнети со земја (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
285 прегледи

Компанијата за сателитски снимки „Максар“ објави сателитски фотографии од градот Соледар пред и по рускиот напад.

Обемот на катастрофата е тешко да се замисли, бидејќи „цели улици“ беа срамнети со земја.

И Русите и Украинците наведуваат дека во градот се водат тешки битки за секоја куќа, која штом ќе биде освоена, за само неколку дена може да падне во рацете на противничкиот табор.

Руската страна во неколку наврати изјави дека во Соледар се води борба за секоја куќа, влез, зграда, стан, бидејќи таму се забарикадирани украински војници, што во голема мера ја објаснува причината за ваквото ниво на уништување.

Слични содржини