Шокантни сцени од Црна Гора: Руси брутално претепани, тепани и со столчиња (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
625 прегледи

Во еден локал во Будва, во Црна Гора, дошло до физичка пресметка меѓу персоналот и гостите, пишува српскиот портал „Новости“.

Во инцидентот во Рафаиловиќи во Будва учествувале четворица руски државјани, кои во алкохолизирана состојба најпрвин се возеле со автомобил покрај шеталиштето во Рафаиловиќи и за малку ќе удреле во мотоциклист.

Според очевидци, откако со својот автомобил го блокирале шеталиштето, ја демолирале туристичката агенција, а потоа го нападнале келнерот од блискиот ресторан и му ја скршиле главата.

Потоа започнале физичка пресметка со сопственикот на ресторанот, додека другите вработени се обидувале да ги спречат да го урнат целиот ресторан. Меѓутоа, набрзо келнерите на ресторанот се „групирале“ и тргнале во контранапад. Агресивните гости биле брутално претепани, тепани со столови по глава.

Слични содржини