ШОКАНТНИ СЦЕНИ: Изгуби свест и потона на дното на базенот, за малку избегната трагична смрт во Будимпешта (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
174 прегледи

ДРАМА на Светското првенство во пливање во Будимпешта, откако американската пливачка Анита Алварез се онесвестила за време на настапот и потонала на дното на базенот. Само благодарение на молскавична реакција избегната е големата трагедија и загуба на еден млад живот.

Девојката со мексикански корени ја спаси од водата нејзиниот тренер Андреа Фуентес, кога во средата настапи во финалето на слободното уметничко пливање, кое можеше да и биде последно.

Откако ја заврши својата рутина, Алварез изгуби свест и потона на дното на базенот. Американскиот тренер скокна во облека за да ја спаси 25-годишната спортистка, ја фати и херојски ја извлече на површина.

Уметничката пливачка, која сè уште била во несвест, потоа била однесена на носилки во медицинскиот центар покрај базенот, со громогласен аплауз од гледачите во арената, додека нејзиното семејство и колегите во шок стравувале за нејзиниот живот.

– Сите бевме исплашени. Морав да скокнам во базенот бидејќи спасувачите не реагираа. Кога видов дека не дише, се преплашив. Добрата вест е што сега се е во ред и дека Анита се чувствува добро – изјави Андреа Фуентес за шпанска „Марка“.

Таа, исто така, ги изненади медиумите со изјавата дека Алварез планира да одмора цел ден во четврток, пред да се натпреварува во слободно тимско натпреварување во петок, и покрај непријатните сцени.

Пливачката, која беше прогласена за спортистка на годината во синхронизирано пливање во САД во 2016 и 2019 година, се бореше за медал на третото Светско првенство, но заврши на седмото место.

Ова не е прв пат Алварез да се онесвести во вода. Истото се случи и лани во Барселона на квалификациите за Олимписките игри.

Слични содржини