ШОКАНТНИ СЦЕНИ од Блискиот исток: Еве како изгледаат улиците на Тел Авив вечерва

од Vladimir Zorba
402 прегледи

Најмалку едно лице загина, а неколку лица се повредени во вечерашниот ракетен напад на Хамас врз Тел Авив. По овој напад следеше израелски воздушен напад на појасот Газа.

Според израелските здравствени власти, убиена е 50-годишна жена.

Во меѓувреме, меѓународниот аеродром Бен Гурион во Тел Авив е затворен за сообраќај.

– Хамас објави дека испукал приближно 130 проектили за кратко време. Направена е значителна штета во и околу Тел Авив, бидејќи дел од ракетата беше пресретната од системот „Железна купола“. Се чини дека многу од нив паднаа врз градот. Слушнавме дека две лица го загубија животот. Исто така, ја видовме армијата како се движи на југ и преку границата, вклучително и оклопни возила и тенкови“, објави репортерот на „Ал Џезира“.

Ескалацијата на насилството е најтешка во Ерусалим од 2017 година, а Хамас лансираше бројни ракети кон Тел Авив и неговите предградија како одговор на „нападот врз станбени делови“.

Слични содржини