Вработена во германски центар за вакцинација признала дека наполнила шест инјекции со физиолошки раствор наместо вакцина „Фајзер“, пренесе Индекс.хр.
„Физиолошки раствор е безопасна работа и нема ризик по здравјето за оние на кои им е инјектиран“, рече денес Матијаз Пулц, претседател на државната здравствена канцеларија на Долна Саксонија.
Според извештаите, вработена во центарот во Фрисланд испуштила шише со физиолошки раствор додека ја мешала вакцината, па се обидела тоа да го прикрие.
Локалниот службеник Свен Емброси рече дека „случајот е многу шокантен“ и дека „веднаш се вовеле дополнителни проверки во врска со подготовката на вакцините“.
„Никој повеќе не останува сам со вакцината, така што вакви случаи веќе не се можни“, истакна Емброси.
Германскиот Црвен крст објави дека обвинетата медицинска сестра имала околу 40 години и дека е пред отказ.
Полицијата, во договор со локалното државно обвинителство, започна истрага дали ова било планиран напад.
Властите проверуваат кого вработената вакцинирала, за да можат тие лица да ја примат вистинската вакцина против коронавирус.