Принцот Хари и Меган Маркл вчера напишаа објава на социјалните мрежи дека се повлекуваат од кралските должности. Одлуката ја донеле без знаење на кралицата Елизабета, принцот Чарлс и принцот Вилијам. За нивната одлука, семејството дознало од вестите на телевизија, пишува Дејли мејл. Британските медиуми, одлуката за напушатањето на должноста ја нарекле „Мегзит“.
Извор од кралскиот двор рекол дека кралицата и нејзиното семејство се длабоко разочарани, а пријателите на кралското семејство се шокирани и бесни на брачниот пар.
– Расправата со војводата и војвотката од Сасекс е во рана фаза. Ја разбираме нивната желба, но тоа се комплицирани прашања за кои треба време – стои во изјавата од Бакингемската палата.
– Семејството им овозможи венчавка каква што сакаат, куќа која ја посакуваа, канцеларија, пари, вработени, патувања. Што сакаат повеќе? – коментирале помошниците на кралското семејство, додавајќи дека тоа не би било фер кон кралицата бидејќи не го заслужува.