Шокантно сведоштво за Ковид-19: Протекувањето од лабораторија повеќе не е само „теорија на заговор“

од Nikola Popovski
159 прегледи

Американското ФБИ најде докази кои сугерираат дека пандемијата на Ковид-19 била предизвикана од истекување од лабораторија, но не им било дозволено да го информираат американскиот претседател околу ваквата констатација, јавуваат американските медиуми.

Џејсон Банан, доктор по микробиологија и поранешен висок научник во ФБИ, посветил повеќе од една година од својот живот на откривање на потеклото на вирусот, но и покрај тоа што единствената американска разузнавачка агенција заклучила дека најверојатно имало протекување од лабораторијата, на ФБИ и на Банан биле одбиени од Националниот разузнавачки совет на чело со Џозеф Бајден, пренесува британски Телеграф.

Според објавата на Wall Street Journal, во мај 2021 година, Бајден наредил итна истрага од страна на американските разузнавачки агенции и националните лаборатории за да се утврди дали вирусот бил пренесен од животно на човек или дали „избегнал“ од кинеска лабораторија.

Една од најпопуларните теории во тоа време беше дека вирусот се префрлик кај луѓето од лилјаци на „влажниот пазар“ во Вухан, каде за прв пат се појави во 2019 година.

Националниот разузнавачки совет (NIC), тело на високи разузнавачи што ја организирала ревизијата, заклучила со „ниска доверба“ дека Ковид-19 се пренесува од животни на луѓе, заедно со четири разузнавачки агенции.

Ова потоа им било претставено на Бајден и на неговите врвни соработници во август 2021 година од Аврил Хејнс, директорка на Националното разузнавање (DNI) и двајца нејзини високи аналитичари.

ФБИ не само што заклучил дека е веројатно истекување од лабораторијата, туку имале „умерена доверба“ во нивната проценка, повеќе од која било друга агенција и очекувале да се претстави овој заклучок до Белата куќа, но ниту еден претставник на агенцијата, наводно, не бил поканет да го стори тоа.

„Бидејќи ние сме единствената агенција која процени дека лабораториското потекло е поверојатно и агенцијата која изрази највисоко ниво на доверба во анализата на изворот на пандемијата, очекувавме од ФБИ да биде побарано да присуствува на брифингот. Изненаден сум што Белата куќа не праша“, рекол Банан во своето прво интервју за „WSJ“.

Портпаролката на канцеларијата на DNI за овој медиум изјавила дека различните гледишта меѓу разузнавачката заедница се доста застапени и дека не е стандардна практика да се повикуваат претставници на одредени агенции на брифинзи за претседателот.

„Работата на Канцеларијата на DNI и NIC за потеклото на Ковид-19 е во согласност со сите аналитички стандарди на разузнавачката заедница, вклучително и објективноста“, кажала портпаролката.

Банан, кој се приклучил на ФБИ како дел од напорите да ја зајакне експертизата за биооружје, токсини и биолошка војна по нападите од 11 септември, оттогаш се пензионирал, но бара реевалуација на доказите што ја поддржуваат теоријата за истекување на лабораторија.

„Она што не се смета за суштинско од разузнавачката заедница мора да се преиспита“, кажал тој.

Заклучокот од ревизијата објавен во август 2021 година бил дека би било тешко да се потврди потеклото без соработка со Кина.

Единствената соработка на Кина досега беше заедничкиот извештај со Светската здравствена организација (СЗО) во 2021 година во кој се вели дека вирусот најверојатно преминал од лилјаци на луѓето преку друго животно.

Слични содржини