Шолц бара гласање за недоверба за да се овозможат предвремени избори

од Nikola Popovski
29 прегледи

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ќе го повика германскиот парламент да ѝ изгласа недоверба на германската влада, што ќе биде првиот формален чекор што ќе овозможи одржување предвремени избори по распадот на владејачката коалиција.

Доколку парламентот не му изгласа недоверба на Шолц, очекува тој да поднесе оставка за да ја олесни процедурата за избори, објави Ројтерс.

После тоа германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер треба да го распушти парламентот.

Предвремени парламентарни избори

Партијата на Слободни демократи ја напуштија владејачката коалиција минатиот месец, а Социјалдемократите и Зелените на Шолц сега владеат без парламентарно мнозинство.

Предвремените парламентарни избори во Германија се закажани за 23 февруари, а Шолц и министрите во кабинетот ќе останат на своите позиции како вршител до формирањето на новата влада, што може да потрае со месеци доколку има долготрајни преговори за формирање на владејачка коалиција по парламентарни избори.

Слични содржини