Шолц до Нетанјаху: „Формулата за две држави е единственото трајно решение“

од Stefanija Kuzmanovska
174 прегледи

Германскиот канцелар Олаф Шолц во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврдил дека спроведувањето на формулата за две држави е услов за траен мир на Блискиот Исток.

„Само решение со две држави засновано на преговори ќе отвори перспективи за трајно решение на конфликтот на Блискиот Исток. Тоа мора да важи и за Газа и за Западниот Брег“, истакнал германскиот канцелар и повикал на централната улога на „реформираната палестинска управа“, како што се наведува во соопштението на неговиот кабинет.

Владата на Израел одбива да разговара за „решение со две држави“, што ја иритира меѓународната заедница и Нетанјаху постојано го изразува своето противење на „палестинскиот суверенитет“.

Западните дипломати се обидуваат да промовираат решение кое ќе им овозможи на Израелците и Палестинците да живеат во две посебни и суверени држави, а изгледите тоа да се случи се намалија со војната во Газа.

Германија, како и САД, решително го поддржа Израел по нападот на палестинските екстремисти на 7 октомври на израелска територија и почетокот на израелската војна во Појасот Газа.

Во разговорот, Шолц ја истакна и „итната потреба за значително подобрување на пристапот и испораката на хуманитарна помош“ до жителите на Појасот Газа, нарекувајќи ја ситуацијата „многу загрижувачка“.

Слични содржини