Шолц гарантира дека нема да има нови услови за С. Македонија на патот кон ЕУ

од Nikola Popovski
486 прегледи

Германскиот канцелар Олаф Шолц беше запрашан да го прокоментира неодамнешното писмо на бугарскиот претседател Румен Радев кој го испратил до ЕУ, критикувајќи го македонското лобирање во однос на спорот со Бугарија.

-Тоа е јасно договорено и треба така да биде. Треба да биде редовен пристапен процес. Тоа се напишани работи на хартија и не треба да дојде до други. За тоа јас стојам и гарантирам, рече македонскиот канцелар Олаф Шолц, одговарајќи на новинарско прашање околу евентуалните нови услови од бугарска страна на патот на Македонија кон ЕУ и пристапните преговори, со оглед дека се беше дефинирано од преговарачката рамка усвоена минатото лето.

Радев во писмото до Брисел, меѓу другото напиша дека уставните измени се само прелиминарен услов за Македонија и дека не се исцрпени сите услови за нашата земја да ја започне втората фаза од преговорите.

Слични содржини