Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека дополнително ќе ја зајакне воздушната одбрана на Украина за да помогне да се заштити земјата од руски ракетни напади оваа зима.
„Владата во Берлин ќе испорача уште еден систем за противвоздушна одбрана Патриот за да помогне во заштитата на клучната инфраструктура“, изјави Шолц за новинарите по разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на самитот на Европската политичка заедница во Гранада.
Шолц изјави дека пакетот треба да пристигне во текот на зимските месеци и дека ќе даде значаен придонес во зајакнувањето на безбедноста на Украина, пренесе Блумберг.