Шолц: Германија заедно со Србија ќе се приклучи на глобалниот сојуз за батерии

од Vladimir Zorba
202 прегледи

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска на отворањето на Конференцијата за одржливост во Хамбург, на која присуствува и српскиот претседател Александар Вучиќ, најави дека Германија ќе се приклучи на глобалната алијанса за батерии, заедно со Србија и Замбија.

Обраќајќи им се на учесниците на дводневната меѓународна конференција за одржливост во Хамбург, Шолц истакна дека Глобалната алијанса за батерии е најважното глобално партнерство бидејќи се залага за одржливи синџири за снабдување со батерии и намалување на еколошкиот отпечаток на батериите.

„На конференцијата за одржливост во Хамбург, германското Министерство за развој ќе се приклучи на оваа алијанса, заедно со Замбија и Србија, кои исто така го подготвија својот пристап. Овој пример покажува дека, со сите сојузи што ги формираме, секогаш треба да го имаме предвид тоа повеќе луѓе можат да имаат корист од напредокот и просперитетот ширум светот и затоа е започната оваа конференција“, рече Шолц.

Слични содржини