ШОЛЦ ГИ УВЕРУВА СТУДЕНТИТЕ ВО КИНА: Не пушат сите трева во Германија

од Vladimir Zorba

Германскиот канцелар Олаф Шолц во понеделникот ги увери кинеските студенти во Шангај дека не треба да консумираат канабис доколку студираат во Германија и дека го легализирале со надеж дека консумацијата ќе падне.

Шолц го кажа ова како одговор на прашање на студент на Универзитетот Тонги кој се прашуваше дали ќе мора да пуши канабис ако студира во Германија.

Во февруари, Германија ја легализираше консумацијата, дозволувајќи им на поединци и здруженија да го одгледуваат и да поседуваат ограничени количини.

„Ние не сакаме повеќе луѓе да користат канабис, сакаме помалку луѓе да го прават тоа, сакаме повеќе јавна едукација за тоа“, рече Шолц.

„Одговорот е едноставен: не пушете. Оваа година ќе имам 66 години и никогаш не сум пушел канабис“.

Канцеларот е во официјална посета на Кина, каде во вторник во Пекинг ќе се сретне со раководството на земјата. Шолц тврди дека Германија сакала да го извади канабисот „од сивата зона“.

Според податоците на германското Министерство за здравство, во 2022 година, околу четири милиони луѓе конзумирале канабис во Германија.

Слични содржини