145
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека не очекува наскоро да заврши војната во Украина.
Тој за германскиот деловен дневен весник потврди дека Берлин ќе го поддржува Киев се додека е потребно со пари и оружје.
„Треба да бидеме подготвени за продолжена војна, иако би било пожелно да дојде крајот што побрзо“, рече Шолц.
Тој додаде дека апсолутно е клучно Кина да не ја снабдува Русија со оружје.