Шолц: Нема смисла да разговараме со Путин во моментов

од Vladimir Zorba
254 прегледи

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека повторно ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин дури кога Путин ќе „сфати“ дека мора да ја напушти воената кампања во Украина и да ги повлече своите војници.

Во интервју за „Тагескејтунг“, Шолц рече дека во моментов не гледа смисла да разговара со Путин, оценувајќи дека разговорот не може да направи никаква разлика.

Тој истакна дека последен пат телефонски разговарал со Путин во декември 2022 година.

Слични содржини