Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги осуди немирите предизвикани од приврзаниците на поранешниот претседател на Бразил, ултра-десничарот Жаир Болсонаро.
Германскиот канцелар оцени дека координираниот напад врз институциите во Бразил претставува напад врз демократијата што не може да се толерира.
„Насилните напади врз демократските институции се напад врз демократијата што не може да се толерира“, објави Шолц на својот Твитер профил и наведе дека Германија стои до актуелниот претседател Луис Инасио Лула да Силва, пренесува „Ројтерс“.
Судијата на Врховниот суд на Бразил, Александар де Мораеш, синоќа одлучи да го суспендира гувернерот на Бразил, Ибанез Роша на 90 дена, наведувајќи дека тој е одговорен за безбедносните пропусти што им дозволија на приврзаниците на поранешниот претседател Болсонаро да извршат упади во зградите на сојузната влада на Бразил, пренесува „Танјуг“.
Пред одлуката за суспензија, гувернерот Роша рече дека најмалку 400 луѓе биле уапсени по упадите на клучните владини згради во Бразилија, велејќи дека одговорните „ќе платат за извршените злосторства“, објави Си-Ен-Ен.