Германскиот канцелар Олаф Шолц (65) изјавил дека никогаш во животот не консумирал канабис. Тој ова го изјави во неделата вечерта за германската телевизија Прозибен, на прашањето дали некогаш пушел џоинт во младоста, пишува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
„Никогаш не сум го пушел тоа, ниту еден дим“, рече Шолц.
Германската влада неодамна одлучи делумно да го легализира канабисот за приватна употреба, Шолц вели дека верува оти владата ја прави вистинската работа со претпазливиот потег.
„Но, ако некој ме праша дали треба или не, јас секогаш би рекол – не“, изјави германскиот канцелар.
Сојузниот министер за здравство Карл Лаутербах рече дека неодамна усвоениот закон не е донесен за да се легализира конзумацијата на канабис, туку за да се ограничи конзумацијата и да биде побезбеден.