305
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека има намера да одржува контакт со рускиот претседател Владимир Путин и „наскоро“ да разговара со него, јави ДПА.
Шолц истакна дека со Путин последен пат разговарал веднаш откако лидерот на Кремљ пред 15 месеци дал наредба да почне инвазијата врз Украина, додаде германската агенција.
„Имам намера да го направам тоа повторно наскоро“, рече германскиот канцелар денеска на 38-миот конгрес на германската Протестантска црква, во јужниот град Нирнберг.
Предуслов за „праведен мир“ е Русија да ги повлече своите трупи, продолжи Шолц.
„Тоа е она што треба да се разбере“, истакна канцеларот.