Шолц по изборите: Загрижен сум – не смееме да се однесуваме дека се е исто како порано

од Nikola Popovski
582 прегледи

Резултатот од европските избори е лош за сите партии од владејачката коалиција во Германија и ако сакаат да ја вратат поддршката од гласачите, не можат да се преправаат дека работите се исти како порано, изјавил синоќа канцеларот Олаф Шолц.

„Никој не треба едноставно да се преправа дека сè е исто“, рекол Шолц на прес-конференција во Берлин, додавајќи дека успехот на екстремно десничарските партии е загрижувачки и не треба да се зема здраво за готово.

„Тоа треба да не загрижува. Не можете да се навикнете и трајна задача е да ги оттурнеме назад“, додал тој.

Сите три партии од владејачката коалиција претрпеа пораз на европските избори во неделата, а екстремно десничарската Алтернатива за Германија постигна значителен успех, покажуваат резултатите.

Социјалдемократите на Шолц го имаат својот најлош резултат досега на националните избори, пораз што ја доведува во прашање иднината на владата. Шолц порача дека се залага брзо да се донесе одлуката за водечките позиции во Европа, додавајќи дека претседателот на Европската комисија мора да се потпре на мнозинството традиционално демократски партии во Европскиот парламент.

„Нема причина да трае предолго“, рекол Шолц. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вчера почна да ја собира коалицијата откако нејзината Европска народна партија освои повеќе мандати отколку што имаше.

Сепак, за да обезбеди нов петгодишен мандат таа мора да биде поддржана од мнозинството лидери на земјите членки и мнозинството во Европскиот парламент. Коалициските партии во Германија ја отфрлија можноста Фон дер Лајен да се обрати за поддршка до италијанската премиерка Џорџија Мелони, со која досега тесно соработуваше.

Слични содржини