706
Лидерите на Г7 не разговараа за предлозите на рускиот претседател Владимир Путин за мир во Украина на самитот во Италија, бидејќи сите знаат дека овие предлози се несериозни, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.
Во Италија, непосредно пред да замине за Швајцарија, каде што денеска почнува конференцијата за Украина, тој изјави дека предлозите на Путин биле само за да го одвлечат вниманието од конференцијата, пренесува Ројтерс.
Сите знаат дека овој предлог не беше сериозен, но имаше врска со мировната конференција во Швајцарија“, изјави Шолц во интервју за телевизијата ЗДФ.