Шолц: Прво реформи во ЕУ, па потоа проширување

од Stefanija Kuzmanovska
255 прегледи

Дали Германија ќе се обиде да ја реформира Европската унија пред да се прошири со земјите-членки на Западен Балкан, од кои некои чекаат повеќе од 20 години, е прашање што може да се постави откако германската влада го објави говорот на канцеларот Олаф Шолц, одржан во Прага кон крајот на минатата година, а по повод војната во Украина.

Сојузната влада на Германија вчера го објави говорот и, според информациите, Шолц тогаш рекол дека пред проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан, за што рече дека чекаат прием повеќе од 20 години, како и приемот на Украина и Молдавија, треба да се реформира и самата ЕУ.

„ЕУ, која ќе биде проширена на 30 или 36 членки, би морала да ги подобри структурите за одлучување за да може да дејствува. Онаму каде што денес се бара согласност од сите членки, ризикот се зголемува дека со секоја нова членка, една земја би можела да го спречи донесувањето одлуки со ставање вето“, рече Шолц, објавено е на веб-страницата на германската влада.

Слични содржини