Германскиот канцелар Олаф Шолц укажал на потребата да не се отстапува од процесот на натамошно приближување на земјите од Западен Балкан кон Европската Унија и посочи дека тоа повлекува и решавање на различни спорови, вклучително и меѓу Србија и Косово.
-Работиме напорно за да ја решиме навистина тешката ситуација меѓу Косово и Србија. Секогаш сум на страната на процесот на проширување, рекол тој на прес-конференцијата со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Берлин.
Шолц додал дека се надева оти ќе се постигне напредок во спорот меѓу Македонија и Бугарија.
-Разговаравме за односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, се надеваме дека овде може да постои успех“, кажал Шолц и истакнал дека секогаш се на страната на интеграцијата на овие држави, паралелно изразувајќи оптимизам дека ќе се постигне успех.
Шолц и Мицотакис на нивната вчерашна средба во Берлин разговарале и за билатералните односи, за економијата, миграцијата, како и за темите од европски и меѓународен интерес, односно ситуацијата на Блискиот Исток.