Шолц силно ги осуди наводните планови на екстремистите за депортација на милиони имигранти

од Stefanija Kuzmanovska
238 прегледи

Германскиот канцелар Олаф Шолц остро ги осуди наводните планови на членовите на екстремно десничарските групи кои неодамна се состанале во вила надвор од Берлин за да смислат план за депортирање на милиони имигранти, дури и оние со германско државјанство.

Наводниот план, кој во средата го објави истражувачката новинарска група „Коректив“, предизвика бурни реакции во земјата бидејќи ја одразува нацистичката идеологија за депортирање на сите луѓе кои не се етнички Германци, објави АП.

Шолц рече дека Германија нема да дозволи на некој кој живее во земјата да му се суди врз основа на тоа дали има или не странски корени.

Шолц на платформата Х истакна дека во Германија сите се заштитени без разлика на потеклото и бојата на кожата.

Секој кој се противи на слободниот демократски поредок на Германија е случај за правосудството, рече Шолц.

Слични содржини