Шоле и Ескобар: Односот меѓу Белград и Приштина е пречка за просперитетот на Западен Балкан

од Vladimir Zorba

Иднината на земјите од Западен Балкан е приоритет на американската администрација, но главна пречка за просперитетот на тој регион е односот меѓу Србија и Косово, изјавија денеска специјалниот советник на Стејт департментот Дерек Шоле и пратеникот задолжен за Западен Балкан – Габриел Ескобар на сослушувањето пред Комисијата за надворешни работи на американскиот Сенат.

На сослушувањето „Проценка на американската политика кон Западен Балкан“, Шоле рече дека политиката на Вашингтон во Европа се заснова на мир и просперитет, но дека Западен Балкан е дел од сложувалката што недостасува.

Тој посочи дека процесот на европска интеграција не е лесен, но дека земјите од регионот поминале долг пат и дека им е потребна помош од Соединетите Американски Држави.

Слични содржини