Шоле пристигна во Скопје

од Nikola Popovski
159 прегледи

Високиот советник на американскиот Стејт департмент Дерек Шоле утрово пристигна во Скопје, од каде што ја започнува својата тридневна посета на Западен Балкан.

Шоле беше пречекан пред платото на Владата од страна на премиерот Димитар Ковачевски, по што двајцата се упатија на предвидениот заеднички состанок.

Како што соопшти Стејт департментот, Шоле ќе разговара со претставници на Владата за повеќе прашања, меѓу кои енергетиката, економијата и борбата против корупцијата.

После Скопје, високиот советник ќе отпатува за Приштина и Белград.

Слични содржини