177
Специјалниот советник на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, му честиташе на премиерот на Косово Албин Курти за постигнатиот договор во Охрид.
„Му честитам на премиерот Албин Курти за постигнатиот договор во Охрид, Северна Македонија, за нормализација на односите со Србија преку дијалог со поддршка на ЕУ. Косово сега е поблиску од кога било до својата иднина во ЕУ“, напиша Шоле на неговиот Твитер профил.