Шолја незасладено кафе на ден може да му помогне на вашиот организам

од Stefanija Kuzmanovska
321 прегледи

Додавањето дополнителна шолја незасладено кафе секој ден е поврзано со намален ризик од дебелеење во период од четири години, тврди новата студија објавена во The American Journal of Clinical Nutrition.

Сепак, овој ефект може да се промени ако додадете лажичка шеќер во топлиот пијалок. Додавањето „не-млечни производи“ не влијаело на тежината, се вели во објавениот извештај.

Истражувањето е фокусирано на врската помеѓу навиките за консумирање кафе и промените во телесната тежина во текот на четири години. Учесниците пополнувале прашалници за храната и пијалоците кои ги консумираат.

Истражувачите ја анализирале консумацијата на кафе со кофеин и без кофеин и разгледувале дали пијалоците се подготвени со шеќер, се наведува во студијата.

Овие врски помеѓу консумацијата на кафе и шеќер и промените во телесната тежина беа позначајни кај помладите учесници и кај оние за кои се сметаше дека се со прекумерна тежина или дебели.

Одамна е познато дека зголемениот внес на топол, нискокалоричен пијалок може да ја подобри телесната тежина, бидејќи зголемувањето на внесот на течности, особено топла течност, може да ја подобри ситоста, што може да доведе до помал вкупен внес на калории во текот на денот.

Додавањето шеќер може да ги поништи придобивките за губење на тежината поврзани со кафето, бидејќи шеќерот може да биде извор на дополнителни калории без да се чувствувате сити.

Слични содржини