Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска побара минималната плата од октомври да биде 12 евра по час.
Сега минималната саатница во Германија е 9,8 евра, наведува Ројтерс.
Министерот за труд Хубертус Хејл процени дека зголемувањето на платите за 6,2 милиони работници ќе ги чини работодавците повеќе од 1,6 милијарди евра во периодот од октомври до крајот на годината.