Шолц тврди дека членството на С. Македонија во ЕУ е стратешки интерес на Брисел

од Nikola Popovski
344 прегледи

Шестe земји од Западен Балкан со аспирации за ЕУ, Србија, Црна Гора, Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово, веќе се во повеќегодишен реформски процес, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц пред пратениците во Берлин. Тој додаде дека „денес повеќе од кога било нивната интеграција во ЕУ е во стратешки интерес на Брисел, укажувајќи, како што наведува Ројтерс, на влијанието на странските сили во регионот, вклучително и Русија“.

Шолц денеска најави дека ќе отпатува за Западен Балкан, пред состанокот на Европскиот совет закажан за следниот месец, со цел да ја пренесе пораката до регионот дека има место во Европската унија, пишува Ројтерс.

„Почитувањето на нашите обврски кон нив не е само прашање на нашиот кредибилитет“, рече Шолц.

Руската инвазија на Украина на 24 февруари ги зголеми стравувањата дека конфликтот може да се прелее и на Западен Балкан. Сепак, лидерите на ЕУ се уште не се согласуваат за пристапување на Западен Балкан во Унијата.

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој во моментов се противи на проширувањето на Унијата, неодамна предложи формирање на нова политичка заедница во Европа, во која ќе бидат вклучени Украина и земјите од Западен Балкан.

Споредувајќи ги Украина и земјите од Западен Балкан во контекст на проширувањето на Унијата, Шолц смета дека помагањето на земјата што беше брутално нападната придонесе за одбивање на нападот. Тој рече дека и Украина е дел од „нашето европско семејство“.

„Тоа е вистина. Сепак, процесот на пристапување во ЕУ не е прашање на месеци. Фактот да нема пречки на патот кон ЕУ е и услов за правда кон шесте земји од Западен Балкан“, рече канцеларот.

Слични содржини