172
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги отфрли критиките на Шпанија и Португалија во врска со одлуката на ЕУ за намалување на потрошувачката на гас, со порака дека сите заедно се соочуваат со голем предизвик.
Шолц истакна дека ниту една земја не може да каже дека не е засегната од растот на цените на енергетските производи и особено на гасот.
Тој наведе дека кој мисли дека нема потреба да се грижи за тоа дека потрошувачката на гас мора да се намали „не е од овој свет“ бидејќи тоа е глобален проблем.