Шон Конери љубеше иста жена 45 години

од Vladimir Zorba

Во свет каде што односите и браковите се потешко се преживуваат, парот што останал заедно 45 години изгледа скоро надреално. Шон Конери и Мишелин Рокбрун Конери го делеа и доброто и злото.

Шон и Мишелин се сретнаа во 1970 година во Мароко на вечера одржана по повод турнир во голф, но ништо не беше како на филм. Тие почувствуваа искра, но во тој момент и двајцата беа свежо разведени.

Всушност, Мишелин веќе се разведе, а Шон го привршуваше процесот на развод. Ноќта кога се сретнале, таа фантазирала за него, но не верувала дека можат да бидат заедно. Покрај Шон, таа чувствувала мир, знаела дека е посебна, па наутро отишла повторно на турнирот и повторно се сретнала со него.

Сепак, нивната приказна е далеку од бајка. Во тој период им било тешко да се видат, тие живееле на различни места. Мишелин сè уште живеела со своите деца во Северна Африка.

После тој состанок, ништо не се случувало две години, а потоа Мишелин добила порака од Шон кој се јавил да се видат во Марбеља.

Јазичната бариера не им претставувала проблем иако тој не зборувал француски, а таа едвај зборувала англиски. Така, тие научиле да комуницираат на свој начин, на љубовниот јазик.

Во 1975 година, тие разменија завети.

Кога конечно се обединија, тие веќе не се разделија во следните 45 години.

„Мишелин е неверојатна жена. Таа е љубовта на мојот живот “, рече актерот во една прилика.

Слични содржини